Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Христијан Андревски е нов претседател на Боксерската Федерација, Владимир Цекиќ од БК „Алексо Огненоски“ од Охрид дел од надзорниот одбор

Скопје/Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Христијан Андревски е избран за нов претседател на Националната Боксерска Федерација на Република Македонија, а Владимир Цекиќ од Боксерскиот клуб „Алексо Огненоски“ од Охрид е дел од надзорниот одбор.

Во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, синоќа се одржа вондредно собрание за избор на нов претседател на Боксерската федерација на Република Македонија.

Андревски е поранешен претседател на Боксерскиот клуб „Куманово 84“ и на чело на Федерацијата доаѓа на местото на Фатон Салиху. Неговиот мандат ќе трае до 2028 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука