октомври 14, 2024

Скопје/Струга, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот ќе го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги сподели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Активноста е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука