Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од кога не сте ни дошле… Да ни дојдите повторно на визита во „Форт кафе“…
Со ваква порака, од охридското „Форт кафе“ ги информираат охриѓани дека започна новата сезона од нивниот концепт „Да ми дојдиш на визита“.
– Повторно е време за врвна музика и проверена забава во комбинација со највкусна храна и визитарско мени. Уште залеано со шише врвно вино Dane Hermes. Владо Броз и Марама ќе се погрижат за уште една незаборавна вечер под Самуиловата тврдина, со најубав поглед на Охрид. Оние кои доаѓаа на нашите визити знаат, а сите други ги очекуваме на следната визита, закажана за денеска, недела, 3-ти ноември со почеток во 17:00 часот, информираат од „Форт кафе“.
Додаваат дека цената е 1.200 денари по лице, со слободен влез по претходна резервација на телефонот 078/242-099.
– Да ни дојдите на визита. Ве очекуваме да уживаме заедно, з’ш меракот е најважен, порачуваат од „Форт кафе“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing