Избор Македонија Охрид навечер

Започнува новата сезона на староградски вечери во Кадмо Lounge bar

Охрид, 29. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од овој викенд во просторот на Кадмо Lounge bar продолжуваат вечерите посветени на староградска музика.

Во петок, 2-ри октомври, посетителите повторно ќе имаат можност да слушаат добра староградска музика. Вечерта ќе настапува Кадмо бенд.

Од Кадмо Lounge bar ги повикуваат нивните родвни гости и посетители да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови на други пијалоци. Популарните слатки десерти во Кадмо Lounge bar повторно им се достапни на посетителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

kadmo

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави