Свет

Римокатолиците на Филипини преминуваат во Православната црква

Сарангани, 29.септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – На почетокот од 2014 година целата епархија на филипинската Независна католичка црква на чело со својот бискуп и целото свештенство побарало да премине во Руската православна црква.

Само неколку недели подоцна следејќи го нивниот пример целата таканаречена Аглипајанска христијанска црква предводена од 8 бискупи и старешини потпишаа петиција барајќи да преминат во Православната црква.

Во саботата, православните свештеници Станислав Распутин и Силуан Томпсон ги примија во Светата соборна и апостолска Православна црква четирите поранешни парохии на Филипинската независна католичка црква, прекрстувајќи 187 поранешни аглипајски верници во провинцијата Сарангани на Филипини. Ова е втор бран на прекрстување на поранешни католици за само неколку месеци.

Филипинската независна католичка црква, позната и како Аглипијанска црква е независна верска организација и има форма на национална црква на Филипините. Се разделила од Римокатоличката верска заедница во 1902 година кога членовите на филипинскиот синдикат барале прекин на заедницата со папата, бидејќи римокатоличките свештеници кои биле од шпанско потекло ја подржувале шпанската колонијална власт и учествувале врз злосторствата над домородното населние.

Егзекуцијата на националистот Хозе Рисал бил пресудниот момент за бунт на домородните свештеници против Ватикан.(Крај)

извор:Денешен фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука