Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.
– Утре во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30л/м2). Преку денот ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 45