ноември 23, 2024

Охрид, 23. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – За здрава и витална старост и одржување на менталната острина потребно е да внимаваме на правилната исхрана, а експертите посочуваат дека таа може значително да го помогне здравјето на мозокот.

Ги препорачуваат медитеранските диети, DASH и MIND, кои се научно поврзани со зачувување на когнитивните функции и намалување на ризикот од когнитивно опаѓање. Овие типови на диети го нагласуваат внесувањето на целосна храна полна со хранливи материи, како што се мрсна риба, шарен зеленчук и овошје, цели зрна, јаткасти плодови, семки и маслиново масло. Оваа храна е богата со антиоксиданси, здрави масти, витамини и минерали и помага во намалување на воспаленијата и ја подобрување на функцијата на мозокот.

Предупредуваат на важноста од избегнување на преработена храна, вклучувајќи ја и брзата храна и индустриските производи богати со растителни масла. Наместо тоа, советуваат да се избере цела и непреработена храна. Јаглехидратите, често се неправедно стигматизирани, и играат клучна улога за здравјето на мозокот.

Покрај правилната исхрана, експертите ја нагласуваат важноста од редовна физичка активност

Јајца

Кога станува збор за препорачана храна за здравје на мозокот, јајцата се на врвот на листата. Жолчките се богати со холин, хранлива материја од суштинско значење за создавање на ацетилхолин, невротрансмитер кој е важен за меморијата. Покрај тоа, јајцата содржат протеини, здрави масти, железо, витамини Б и Д, што ги прави исклучително корисни.

Мрсна риба

Мрсните риби, како лососот и скушата, се исто така помеѓу препораките поради високите нивоа на омега-3 масни киселини, кои ја подобруваат невропластичноста и го намалуваат ризикот од деменција.

Лиснат зеленчук

Третата препорака е лиснатиот зеленчук, како што се спанаќот и кељот, кои се богати со микронутриенти за кои е докажано дека даваат когнитивни придобивки. Едно истражување покажа дека луѓето кои редовно јадат лиснат зеленчук го доживуваат когнитивното стареење побавно дури за 11 години.

Редовна физичка активност

Покрај правилната исхрана, експертите ја нагласуваат важноста на редовната физичка активност за здравјето на мозокот. Навиките кои го поддржуваат когнитивното здравје честопати истовремено се корисни за срцето, што дополнително ја нагласува важноста на нивната примена. Една мала промена во навиките, како што се внесување на јајца, мрсна риба или лиснат зеленчук во вашата исхрана, може да биде првиот чекор кон одржување на вашиот мозок здрав. Сепак, како што истакнуваат експертите, клучот е во доследноста. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука