Економија Избор Охрид

Охрид претставен како идеално место за туризам на саем во Париз

Охрид/Париз, 1.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како дел од македонскиот туристички производ за прв пат беше промовиран на саемот за туризам во Париз.

На саемот Охрид е претставен како идеално место за одмор, вински тури и град со богато природно, културно и историско наследство.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, организираше и информативно патување за следниве тур оператори од Франција: ALEST Voyages, INTERMEDES, ARTS & VIE, KUONI, VERDIE VOYAGES, JET TOUR. Тие веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација на француските туристи.

Во согласност со програмата за отварање на нови туристички пазари и зголемувањето на субвенциите за поголем број држави од каде имаме сериозни сигнали дека со тоа зголемување би обезбедиле поголем број на туристи кои би престојувале во Македонија, македонскиот туристички производ е промовиран за прв пат на саемот за туризам “IFTM-Top Resa” во Париз, Франција кој се одржува од 29-ти септември до утре.

Директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски оствари бројни состаноци со француски тур оператори од кој најзначаен е состанокот со претсавници на ТУИ Франција, заинтересирани да почнат да ја нудат Македонија како нова туристичка дестинација во нивните продажни мрежи низ Франција што би претставувало сериозен напредок кон зголемување на туристите од оваа земја.

АППТРМ од 2013 година започна со промоција на Македонија како нова и атрактивна туристичка дестинација на францускиот пазар. Македонија во последниве неколку години беше посетена од голем број француски новинари и истите објавија голем број на репортажи во следниве медиуми: Le QUOTIDIEN du TOURISME, TRAVEL MAGAZINE, L’ECHO TOURISTIQUE, METRO NEWS, VOYAGER PRATIQUE, Le GENERALISTE, La VOIX du NORD, INFOTRAVEL, HORS CIRCUIT, RADIO FRANCE INTERNATIONAL, PLEINE VIE, FLAIR, LE SOIR, TELERAMA TV Magazine. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави