Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Канцеларијата на „Жан Митрев Клиник“ во Охрид, ја продолжува мисијата за промоција на здравјето и превенцијата.
Разговарајте, информирајте се и решете дилеми во врска со Вашето или здравјето на некој ваш близок. Поразговарајте со еден од нашите експерти д-р Енвер Идоски супспецијалист по кардиологија, дел од тимот на Жан Митрев Клиниката во Скопје. Во сабота на 7-ми декември закажете термин и прашајте што Ве интересира за Вашето здравје. Активноста е бесплатна. Во време од 10:00 до 18:00 часот обезбедете го времето за себе и закажете на телефонот 071/313-301.
Деновиве кои веќе го означуваат заминувањето на годината, а во пресрет на Новогодишните Празници, „Жан Митрев Клиник“, со своите активности, во партнерство со Вас, на овој начин ќе даде придонес кон промоција, а со тоа и негување на здравјето, посакувајќи во иднина активно да се грижите за себе и Вашето здравје, заеднички решавајќи ги проблемите како актина превенција на болест. Една од основните цели во промоцијата на здравјето е создавање на силно партнерство помеѓу здравствениот сектор и членовите наопштествената заедница или населението, односно граѓаните.
На овој начин се обезбедува заеднички, активен пристап во согледувањето и идентификувањето на потребите, увид во можностите за решавање на здравствените проблеми и помош усмерена кон решенија.
– Ние сме Ваш партнер и поддршка за се’ што Ви е потребно за подобрување на квалитетот на Вашиот живот и здравје. Нашата грижа и соработка, за и со Вас е усмерена кон заеднички цели, јасна слика и активно учество во достигнување на подобро здравје за секој поединец. Информирај се, разговарај и закажи на телефонот 071/ 313-301 Канцеларија „Жан Митрев Клиник“ во Охрид, порачуваат од Центарот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива