Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 07:30 часот на патот Охрид-Кичево, кај селото Ботун.
Според информациите патничко моторно возило изгубило контрола и излетало од коловозот. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди причините за инцидентот.
Несреќата се случила на автопатот во изградба, кој сега одзеде два човечки животи. Информацијата ја потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот. (Крај)
извор: Тв Телма фото: ОхридПрес
Прочитано: 28