Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските боксери кои имаа настап на Балканското првенство во Лозница, Република Србија денеска остварија средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Тие во конкуренција од околу 200 натпреварувачи од 13 земји освоија бронзени медали. Боксерите Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу беа дел од македонската репрезентација, а се членови на БК „Алексо Огненоски“. Им честитам и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Како Општина Охрид постојано сме ветер во грб на спортот во градот, па така и за овие спортисти обезбедивме и во иднина ќе даваме поддршка, порача Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16