News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 29, 2024

Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓаните Димитар Пејчиновски и Коста Трифуноски ќе ги бранат боите на Република Македонија на Светското првенство во Текбол, кое во среда започнува во Виетнам.

Тие заминуваат за Ho Chi Minh City во Виетнам во недела, а според најавите првенството ќе трае до следната недела, 8-ми декември 2024 година.

– На ова првентво ќе настапат нашите репрезентативци Димитар Пејчиновски, кој ќе се натпреварува и во single и во doubles категорија, каде што соиграч ќе му биде Коста Трифуновски. На нашите репрезентативци им посакуваме среќа и успех, порачаа од Текбол Асоцијацијата на Република Македонија.

– Во годината во која текбол одбележува 10 години постоење, во Ho Chi Minh City доаѓаат најдобрите текери од светот кои ќе се борат за светски титули во пет дисциплини. Јас ќе учествувам по петти пат на Светско првенство, прво на 4-ти декември во поединечна конкуренција, додека на 5-ти декември во парови заедно со Трифуновски ќе имаме можност да ја претставиме Република Македонија и Охрид во најдобро можно светло, вели Димитар за Супер радио и OhridPress.

Текбол е вид на спорт што е основан во 2014 година во Унгарија од Габор Борсани, поранешен професионален фудбалер и Виктор Хусар, програмер. Текбол е игра меѓу двајца играчи како сингл, или меѓу три или четири натпреварувачи како игра во двојки и личи на пинг понг. Ултра популарниот спорт, што зема сѐ поголем замав, се игра на заоблена маса со топка слична на фудбалска, која се префрла со кој било дел од телото освен со рацете.

На меѓународно ниво, играта е претставена од Меѓународната федерација за тегбол (Fédération Internationale de Teqball-FITEQ). Голем број фудбалери од светска класа како Нејмар и Кутињо веќе учествуваа на вакви натпревари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука