УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со услови за дожд попладне и температура до 8. степени
декември 14, 2024

Охрид, 14. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Утре попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука