Скопје, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Иноватива Груп и Symphonics Entertainment (Бугарија) информираат дека настап пред култниот американски R’N’B состав Blackstreet, ќе настапи Тони Зен.
На 12-ти февруари (четврток), Blackstreet ќе го оддржат својот прв концерт во Скопје, во клубот Станица 26, со почеток во 23:00 часот.
На бината заедно со Blackstreet ќе настапи и македонскиот урбан хип хоп артист, Тони Зен со DJ set и музика посветена на 90-те. Како пред група на Blackstreet, по Тони Зен, ќе настапи и Бобо од Бугарија со неговиот бенд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27