Велес, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Документите за малата Тамара Димовска здравствените власти ги побарале неколку часа откако почина 9-годишното девојче.
Срцето на девојчето не го издржало притисокот на искривениот рбет врз градниот кош. Семејството е во шок и неверување.
Состојбата на малата Тамара почнала да се влошува, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекувале процедурата за нејзина операција. Институциите не можеле да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара , која имаше тежок деформитет на рбетниот столб.
Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваа со контрадикторни информации. Последната информација беше дека биле на разговор во Фондот за здравство и дека чекаат да се врати лекарот од САД што им го препорачале надлежните. Дури потоа да почне процесот на закажување на операцијата и лекувањето, пишува Нова ТВ. (Крај)
извор: Нова Тв фото: donacii.mk