Забава Избор

И Тамара и ДНК снимија спот во Охрид

Охрид/Скопје, 8. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – По неодамнешните објави на Супер радио за големиот број на музичари кои изминатиот период снимаа музички спотови во Охрид, и Тамара и членовите на ДНК се придружија во клубот на музичари „обожаватели на Охрид како место за сцени за видео записи“.

Долгоочекуваниот спот за хитот „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК од денеска ќе може премиерно да се види на „Јутјуб“ и на македонските телевизии. Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата.

Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила Филмс“ во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади. Песната што се уште е радиски хит е дел од албумот „Еден ден“, кој Тамара го промовираше изминатиот јули. „Фрази љубовни“ е дело на Лазар Цветковски. Tекстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Владимир Блажев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави