Свет

Српски бизнисмени најавуваат тужба против Хрватска

Белград, 8.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Десетици српски бизнисмени најавуваат тужба против Хрватска поради загуби претрпени од блокирањето на границата.

Како што пренесоа српските медиуми, нивните побарувања може да изнесуваат повеќе милиони евра.

Мигрантската криза предизвика таканаречена шестдневна „царинска војна“ во која повеќе од 600 камиони беа запрени на хрватските гранични премини. (Крај)

извор:Охридпрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука