Токио, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според информации од сајтот XperiaBlog, Sony нема намера да организира посебен настан, на кој ќе ги претстави новите производи во текот на мобилниот конгрес.
Наместо тоа, компанијата ќе направи симболично откривање на штандот на конгресот на 2 март. Подоцна се очекуваат и вестите за новите смартфони на компанијата, а според гласините меѓу нив нема да биде Xperia Z4.
Во меѓувреме, во интернет се појавија фотографии на телефонот, за кој се претпоставува дека е Xperia E4 (E2105, E2115). Новите слики се од слики на футроли за уредот и се разликуваат малку едно од друго. На едната слика не се гледа логото на Sony, а на другата телефонот е прикажан со поголема рамка.
Според гласините, уредот ќе биде достапен во две верзии – E2105 со слот за SIM картичка и E2115 со две SIM картички. Останатите карактеристики вклучуваат 5 “LCD екран со резолуција 540×960 пиксели, quad-чипсет MediaTek MT6582с фреквенција 1.3GH и графички акцелератор Mali-400MP4, 1GB RAM, 5MР главна камера, 1,9 MP предна камера и Android 4.4.4 KitKat со надградба до Android 5.0 Lollipop. (Крај)
извор: ОхридПрес/XperiaBlog фото: архива