Спорт

Последен евроквалификациски дуел на “црвено-жолтите”

Борисов, 12.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот на гости против Белорусија ќе го игра последниот квалификациски натпревар за Еуро 2016.

Нашата селекција се наоѓа на последното место во групата со осум порази и една победа.Пред нас се наоѓа и селекцијата на Луксембург која има четири бода.

Селекторот Друловиќ соопшти дека ќе има неколку промени во тимот, на голот се очекува да биде Давид Митов Нилсон како замена за Пачовски, а Трајковски и Тричковски се опции плус во офанзивата. (Крај)

извор:Спорт ТА фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука