Избор Охрид

Охриѓани им оддадоа почит на загинатите народни херои

Охрид, 12. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со полагање свежо цвеќе пред спомен-бистите на во паркот на Револуцијата и на градските гробишта во Охрид, вчера беше одбележан празникот 11.Октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ.

Делегации на општината, на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, политички партии и граѓани се поклонија и им оддадоа почит на народните херои Петре Пирузе – Мајски, Спас Банџов, Андон Дуков и Мите Богоески.

Единаесеттооктомвриските чествувања започнаа во петокoт со свечена градска седница на која се зборуваше за значењето на овој историски датум. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави