Oхрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – МПЦ не е непријател на овој народ за биде прислушувана, ова е првичната реакција на Владиката Тимотеј кој вели дека бил изненаден од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој објави дека освен политичари, новинари и бизнисмени, прислушувани биле и припадници на Синодот и на Исламската верска заедница.
– На УБК и е работа да прислушува, ама не знам зошто нас да не прислушува. Ние не сме непријатели на овој народ. Досега не сме забележале никакви знаци, никакви показатели дека сме прислушкувани. Да почекаме да видиме дали е ова вистина, вели Владиката Тимотеј за НоваТВ.
Заев на вчерашната прес-конференција истакна дека по налог на премиерот Груевски и директорот на УБК Сашо Мијалков во текто на иминатите години биле прислушкувани 20 илјади луѓе, меѓу кои и членови на Владата. Тој презентираше неколку од, како што рече, прислушкуваните разговори и најави дека ќе ги објавува дел по дел, според него, заради обемноста и чувствителноста на разговорите.(Крај)
извор: НоваTв фото: архива