Битола, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Се испумпува водата од поплавениот манастир Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци. По испумпувањето на водата ќе се направи првата проценка на штетата.
Од црковниот одбор на манастирот велат дека донатори ќе поможат за санирање последиците од поплавите веднаш штом се создадат услови, а во моментов помошта е поважна за земјоделците.
И покрај снежните врнежи, временските прилики во битолскиот дел на Пелагонија се стабилни. Најголемиот електроенергетски капацитет во Државата, РЕК „Битола“, работи со полн капацитет и покрај тоа што добар дел на механизацијата и човечките ресурси ги имаше ставено во функција, за совладување на последиците од водената стихија, која го имаше поплавено Пелагониското поле.
Во Новаци, постојано се зајакнуваат насипите и деноноќно се следи ситуацијата на кризните точки, иако нивото на водите е смалено. (Крај)
извор: ОхридПрес/Дневник/Алфа