Избор Охрид

Библиотеката на тркала допатува во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани

Охрид, 14. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, вчера училиштето „Св. Наум Охридски“ во Пештани, беше посетено од Библиотеката на тркала.

Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зедоа учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите. Со учеството во повеќето групни активности за забавно учење, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување.

Со активностите во дигиталната библиотека преку читање и развивање на усното изразување, учениците зедоа активно учество читајќи сликовници и следејќи читање и слушање на дигитални сликовници преку кои го развиваа интересот и љубовта кон книгите.

Дружењето со Библиотеката на тркала и учењето преку игра на забавен и интересн начин следната недела продолжува со учениците од прво до петто одделение во подрачните училишта со селата Трпејца, Елшани и Коњско. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука