Избор Охрид

Црвен крст утре ќе ги евакуира учениците и наставниците во ОУ „Ванчо Николески“

Охрид, 14.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигање на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец.

Се работи за случена несреќа според соодветно сценарио.

– Вежбата воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо Николески“ за имплементацијата на планот за заштита, спасување и евакуација при несреќи во училиштето, што од страна на Црвен крст Охрид беше изготвен за потребите на училиштето во 2010 година, велат од Охридскиот Црвен крст.

Показната вежба ќе се реализира со почеток во 9:30. Заинтересираните ќе можат да ја следат од посебно обележен простор во кругот на училиштето, а жителите на Лескоец се предупредуваат дека во реонот на училиштето утре помеѓу 09:30 и 10 :00 часот ќе бидат користени сирени на противпожарните и амбулантски возила. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави