Македонија

Американска амбасада загрижена за поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Скопје, 15. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата, пишува во реакцијата на амбасадата на САД во Скопје по одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители.

И претходно во заедничка изјава амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ, пред состанокот на Советот на јавни обвинители, соопштија дека од „суштинска важност е Советот да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на г-ѓа Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок“.

И белгискиот олеснувач Питер Ванхојт изјави дека одлуката на Советот го крши законот за специјален јавен обвинител за кој сите политички партии потпишаа дека ќе го почитуваат.

СДСМ вчера ги напушти преговорите на работните групи за договорот од Пржино. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука