Велес, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во пожар што ноќеска избувна во семејната куќа на велешкото семејство Бошкови на улицата „Ѓоре Органџиев“ во Велес изгореа две куќи и гаражи со приземен дел од објект на шивачко претпријатие во населбата Дворови.
Локалните медиуми јавуваат дека изгорена е и една возрасна жена која не можела да се извлече низ силниот оган.
Според објавените фотографии пламените јазици брзо се шириле низ двете куќи, а соседите, иако се обидувале да ја извлечат жената и да спасат нешто пред противпоѓарните екипи да интервенираат, сепак не успеале.
Соседите биле исплашени дека пожарот ќе се прошири и на другите куќи, па сите во паника ги напуштале домовите. Огнот зафатил и дел од една шивачка работилница. (Крај)
извор: ОхридПрес/Фокус фото: архива