Струга

Обезбедени средства за чистење на одводната канализациска мрежа во атарот на Вевчани

Струга, 16.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија врз основа на изработениот и доставен проект од општина Вевчани „Чистење на одводителна канализациска мрежа во атарот на општина Вевчани“ објави тендер за доделување на договор за јавна набавка на работи за чистење на одводните канали вон урбаниот опфат во Вевчани, како дел од годишниот тендер на МЖСПП за Чистење на каналите за одводнување и наводнување за 2015 година.

Работите за чистење на одводната канализациска мрежа во вкупна должина од четири километри опфаќаат сечење на жбунови и вегетација со одвоз до депонија, машински ископ на земја од категорија и чистење на постојни армирано-бетонски пропусти.

Проценетата вредност на работите изнесува 1 472 644,92 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на РМ.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука