Избор Култура

Претставата „Жени на власт“ утре ќе се одигра пред охридската публика

Охрид, 16.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Жени на власт“ е најновата урнебесна комедија на Театарот „Солза и смеа“ што ќе се одигра утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Претставата е работена во режија на Александар Димитровски, а по текст на Стеван Л. Костов.

Се работи за интересна приказна каде Господ им ја зема силата на мажите и им ја дава на жените, за сите неправди кои мажите им ги правеле. Со тоа улогите се менуваат и мажите се оние кои се понежен пол, а и се задолжени за сите обврски во домот, готвење и чистење, додека жените одат во општината и се задолжени за власта. Оваа интересна приказна завршува со уште поинтересен крај.

Во претставата играат: Александар Димитровски, Никола Тргачевски, Марјанчо Ѓоргиевски, Валентина Кожовска, Катерина Петровска и Димитар Михајловски. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави