Скопје, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сојузот на стопански комори на Македонија ќе организира Конференција на тема: „Прекугранична соработка и претприемништво” која се одржува во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.
На настанот ќе присуствуваат околу 100 компании членови на ССК, од повеќе сектори и делегација од Албанија.
На конференцијата ќе учествуваат: г. Лирим Шабани – Министер за локална самоуправа, г. Аиво Орав – Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, г. Беким Незири – Министер за економија, г. Сеад Кочан – Заменик претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, како и претставници на бизнис сектор од Македонија и делегација од Албанија.
Во рамките на конференцијата, ќе се одржи и панел дискусија со претставници од централната и локалната власт во чии рамки ќе се дискутира за потенцијалите за бизнис соработка, моменталната легислатива и идни насоки за подобрување на економските врски помеѓу двете земји, како и панел дискусија со претставници на бизнис секторот кои ќе ги претстават своите капацитети, искуства и потенцијали за соработка со Албанија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива