Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишниот охриѓанец И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.
На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
На осми овој месец, околу 10:00 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка во која тој најнапред и’ упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бехатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако не успеал, ја скршил масата и со дрвената ногалка ја нападнал својата ќерка силно удирајќи ја во левата потколеница и левата рака нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Повредената била згрижена во болницата „Св. Еразмо“ а пријавениот И.Ш. кај кого не била констатирана алкохолираност, бил приведен во СВР Охрид и лишен од слобода. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива