Македонска премиера на „Три дена во септември“ со главна улога на охриѓанката Ристиќ
Скопје/Охрид, 19. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонската актерка со охридско потекло Ирена Ристиќ ќе присуствува на премиерата на „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио.
Филмот на 12-ти ноември ќе ја доживее Македонската премиера како филм од официјалната селекција на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс.
До сега, филмот се прикажа на 39. Филмски Фестивал во Монтреал и 51. Интернационален Филмски Фестивал во Чикаго, два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа.
Ристиќ игра во филмот заедно со Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.
Почнувајќи од 12-ти ноември, „Три дена во септември“ ќе се прикажува во рамките на редовниот репертоар на кината во Скопје и градовите низ Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |