Забава Избор

Eye Cue: Со задоволство секогаш ја забавуваме охридската публика

Охрид, 19. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Скопското трио Eye Cue викендов настапи во launge barot „Mister I“ во Охрид.

Бојан Трајковски – водечки вокал и гитара, Марија Ивановска – вокал и Иво Митковски – тапани, членовите на бендот, на свирката пред охридската публика беа придружувани од македонскиот музичар Никола Бочваров на бас. Посетителите ги пееја заедно со бендот најголемите нивни авторски хитови, а специјално за надополнување на репертоарот, беа свирени и кавер верзии на познати мак и странски поп-рок теми.

– Ова лето бевме неколку пати во Охрид, сега малку во есенско издание на клубот Mister I. Имавме покана и добро е местово за свирки, гледаме дека имаат некоја нивна посебна шема, но и има простор на живи свирки, што е добро. На оваа свирка исполнивме околу 30-на песни, од кои најголемиот процент се наши песни, авторска музика, другите се познати хитови.

Бендот за себе вели дека публиката може да ги именува како сака, затоа што се бенд кој не свири само еден музички стил, и не можат да се класифицираат строго во еден правец.

– Ние сме практично бенд без некој строг стил. Свириме се, и слушаме повеќе жанрови. освен тоа, во деешно време, јас не знам некој човек да слуша исклучиво само еден жанр, објаснува Трајковски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави