Свет

Германски џихадисти работат за тајните служби на “Исламска држава”

Ракка, 21. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Германски џихадисти работат за тајните служби на радикалната група “Исламска држава”, тврди Нилс Д., кој бил во редовите на терористичката организација во периодот меѓу октомври 2013 година до ноември 2014 година, пишува Баварскиот весник Die Sueddeutsche Zeitung.

Нилс Д. работел осум месеци во борбена единица на џихадисти, одговорна за извршување на дезертери и дисиденти. Во оваа “единица за внатрешна безбедност” на “Исламска држава” имало и други Германци; информација која беше потврдена и од други поранешни членови на организацијата. Специјалната единица ужива привилегиран статус во групата, вклучувајќи го и поради подоброто плаќање што го добиваат борците во него.

Иако негира дека учествувал директно во репресиите на радикалната организација, слика од мобилниот телефон на Нилс Д. го докажува моментот во кој тој поставува огнено оружје во тилот на заробеник. Случајот против него беше отворен во јануари, но набргу потоа беше одложено. (Крај)

извор: focus-news фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука