Спорт

Серхио Агуеро за еден месец се враќа на теренот

Манчестер, 21.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред десетина дена се повреди на квалификацискиот натпревар против Еквадор,аргентинскиот напаѓач од редовите на Манчестер сити, Серхио Агуеро, ќе паузира уште еден месец од терените.

Аргентинецот ќе ги пропушти двата меча против Севилја во Лигата на шампионите, натпреварите во Премиерлигата со Манчестер јунајтед, Кристал Палас, Норвич, Астон Вила и со Ливерпул.

Агуеро моментално е најдобар стрелец на тимот од „Етихад“ со осум постигнати погодоци. (Крај)

извор:Спорт ТА фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави