Избор Култура

„Вечера за глупаци“ задутре пред охридската публика

Охрид, 21.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид задутре ќе ја одигра театарската претстава „Вечера за глупаци“.

Претставата ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

„Вечера за глупаци“ е режирана од Ирена Стеријовска, на текст од Франсис Вебер. Играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави