Спорт

ЛШ: Дерби дуел на “Паркот на Принцовите “

Париз, 21.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во фудбалската Лига на Шампиони ќе се одиграат натпреварите од А-Д половината со што ќе биде комплетирано третото коло.Дербито на вечерта ќе се одигра на “Паркот на Принцовите “во Париз, каде на ПСЖ ќе му гостува Реал Мадрид.

Кралскиот клуб за вечерашниот дуел ќе биде без Бејл, Бензема, Родригез, Пепе, Карвахал и Модриќ додека кај домаќините нема да игра Давид Луиз.

Група А: ПСЖ-Реал Мадрид, Малме-Шахтјор
Група Б: ЦСКА Москва-Манчестер Јунајтед, Волфсбург-ПСВ Ајндховен
Група Ц. Атлетико Мадрид-Астана, Галатасарај-Бенфика
Група Д: Јувентус-Борусија Менхенгладбах, Манчестер Сити-Севилја

Сите натпревари ќе започнат во 20:45 часот. (Крај)

извор:Спорт ТА фото:Wallpaper.com

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави