Економија Избор Охрид

Вработените од АД Емо Охрид се подготвуваат за штрајк поради иклучената струја

Охрид, 22. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради неплатени сметки, струјата во АД Емо Охрид е исклучена.

Од Синдикатот на компанијата велат дека државата на вработените им должи околу 40 плати, а во текот на целата година во фабриката не може ништо да се работи поради исклучената струја.

Во моментов на околу 160 работници од Емо не им е решен статусот.

Охридски Емо е еден од четирите загубари во државна сопстевност, во кој државата има 42 отсто учество во капиталот на охридскиот комбинат, а досега имаше неколку неуспешни обиди за продажба. (Крај)

извор: 24 Вести фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави