Забава

Фестивал Охридска Музичка есен

Охрид, 23. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младинскиот културен центар од Охрид во соработка со Туристичкиот сојуз во Охрид ќе го организираат Меѓународниот фестивал Охридска музичка есен.

Фестивалската вечер ќе се одржи утре, сабота, 24 октомври, со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Учество ќе земат ансамблите Далматика и Острц од Хрватска како и градскиот хор при Центарот за култура од Охрид и оркестарот од Охрид.

Влезот за фестивалската вечер е бесплатен за сите посетители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука