Спорт

Гризман како замена за Азар во Челзи

Лондон, 23.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишува англискиот интернет портал Metro.co.uk менаџерот на Челзи Жозе Мурињо е подготвен да го донесе во тимот Антоан Гризман од Атлетико Мадрид како замена за Еден Азар.

Белгиецот Азар изразил желба да се пресели во Мадрид, а португалецот нема ништо против, бидејќи го означил Гризман како идеална замена за Азар.

Азар, како и цел тим на Челзи, се наоѓа во лоша форма од стартот  на сезоната и сé уште нема постигнато гол, додека Гризман игра одлично и веќе има постигнато шест голови. (Крај)

извор:Спорт ТА фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука