Струга, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на планинарското Еколошко Друштво „Закамен“ од Струга ги реализираат предвидените и планираните активности од годишната програма за овој месец.
Во текот на февруари се предвидени поголем број на планинарски активности, со цел искористување на снежната покривка на планинските врвови.
Викендов дел од членовите на друштвото, Божидар Праниќ, Владимир Стефанов, Димитри Ѓоргон, Глигорие Кјатоски, Владимир Ѓорѓиоски, Александра Паноска и Јуле Наќеска, беа на искачување на Горна Белица.
Предходно овој месец имаа планинарење на Парумба и Локов, а во рамките на едномесечната програма, ќе реализираат уште планинарења до врвовите Магаро, Пелистер и Радуч.
Истовремено, од ПЕД „Закамен“ Струга ги повикуваат сите заинтересирани лица, љубители на екологијата, планинарењето, и авантуризмот, да се зачленат во друштвото најдоцна до 1-ви март годинава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Закамен