Скопје, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Студентскиот пленум, кој вчера ја бојкотираше наставата на техничките факултети, за денеска најави создавање автономна зона пред платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каде се најавува ширење на прекинот на настава и на останатите факултети.
За нив не е доволно што ќе биде ставен двегодишен мораторум на новиот Закон за високо образование со кој се воведува државен испит, затоа што бараат негово целосно укинување.
Поддршка за студентите во прогласување на автономна академска зона на универзитетскиот кампус најавија и професорите. (Крај)
извор: ОхридПрес/Нова ТВ фото: архива
Прочитано: 29