Економија Избор Охрид

Повик за студентите на ФТУ за учество на конференција за истражување во туризмот во Австрија

Охрид, 29. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот IMC за применети науки од Кремс, Австрија упатува повик до студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид за учество на Четвртата Меѓународна конференеција за истражување во туризмот.

Конференцијата ќе се одржи на 23-ти и 24-ти мај на Универзитетот во Австрија, но право на учество имаат сите студенти од Европа кои студираат туризам и сродни науки. Заинтересираните студенти кои покрај редовните студии вршат истражувања во туризмот, можат да ги праќаат своите трудови, кои доколку бидат селектирани, ќе ги презентираат на самата конференција следната година.

Од австрискиот универзитет очекуваат наредната година на конференцијата да учествуваат над 250 студенти, професори и постдипломци на факултетите за туризам низ Европа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави