Свет

Проблемот со греењето во училиштата од Кичево најверојатно ќе се решава со државни резерви во нафта

Кичево, 29.октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Проблемот со греењето во училиштата од општина Кичево и оваа година најверојатно ќе се решава со државни резерви во нафта.

Министерот за образование Адеми добил барање од општинските власти, а на следната седница Владата ќе треба да одлучи дали и годинава ќе и излезе во пресрет на општината.

Според надлежните, Кичево е исклучок во кој државата интервенира бидејќи е новоформирана општина со наследени милионски долгови на петте припоени локални единици.

Адеми очекува општината да подготви план за рационализација на блок дотациите. Во општината има десет училишта со околу 6.500 ученици од кои дел покрај со греењето имаат проблеми и со превозот.(Крај)

извор:24 Вести фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука