Избор Струга

„е-ENGAGEMENT“ едукативна работилница во Струга

Струга, 31. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во струшкиот хотел „Београд“ денес ќе се одржи осмата едукативна работилница од проектот „е-ENGAGEMENT”, организиран од страна на Младински Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија, заедно со локалните партнери од Струга, Еврофорум.

– Минатата есен организиравме четири работилници во четири градови низ Македонија, со иста главна цел, односно, зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. На секоја од овие 12 работилници ќе земат учество по 100 млади луѓе кои ќе се стекнат со социјални, дигитални и јазични вештини. Проектот ќе резултира со завршна конференција во Скопје, во првата половина на декември, на која ќе учествуваат најмотивираните и најактивните млади и таа треба да резултира со заклучоци и препораки директно од младите луѓе. Проектот има за задача да ги промовира предностите и придобивките од  информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество, информираат организаторите.

Со младите ќе работи тим на експерти од аспект на дигитални и социјални вештини, кои ќе ги фацилитираат младите да научат како да дојдат до вистинските информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството без разлика дали дејствуваат во нивно лично име, преку училиште или преку одредена младинска група. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави