Спорт

ЛШ: Четврто коло во елитното натпреварување

Астана,3.ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре ќе се одигра четвртото коло во фазата по групи, во Лигата на шампионите.

Колото денеска ќе го отворат мечевите во групите А, Б, Ц и Д, а дербито е во Мадрид каде на Реал ќе му гостува ПСЖ, во вториот меч од оваа група Шахтјор ќе го пречека Малме.Волфсбург му гостува на ПСВ Ајндховен додека Манчестер Јунајтед за противник ја има екипата на ЦСКА Москва.

На останатите дуели ќе играат: Астана – Атлетико Мадрид ,Бенфика-Галатасарај,Севилја -Манчестер Сити и Менхенгладбах-Јувентус. (Крај)

извор:Спорт ТА фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука