Приведен Карим Бензема
Париз,4.ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува “Франс прес” полицијата го уапсила напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.Против французинот се води истрага, бидејќи и тој наводно бил од групата која го уценувала соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена.
Полицијата соопшти дека Валбуена, бил уценуван со интимна видео снимка. Меѓу осомничените за случајот со Валбуена беше и Џибрил Сисе, кој беше уапсен, испрашан и на 13-ти октомври е пуштен на слобода.
Доколку се докаже дека обвинтетите се виновни тие се соочуваат со казна затвот од пет години. (Крај)
извор:Спорт ТА фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |