Избор Охрид

На концертот на Милевска ќе се собираат средства за помош на Марјан Вељаноски

Охрид, 9. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерашниот концерт во Охрид на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска. ќе биде од хуманитарен карактер.

Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“.

Влезот за присуство на настанот е слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски.

Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на нејзиното ЦД, ќе бидат наменети за лечењето на Марјан.

Овој музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 ч. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука