Македонија

Форум за кадровски менаџмент

Скопје, 11. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бизнис центарот на Скопски плански регион, општина Аеродром и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денес и утре организираат дводневен „Форум за кадровски менаџмент“.

Експерти, претставници на банките, менаџери и познавачи од оваа област ќе дискутираат за предизвиците и можностите за развој на компаниите, како и за вработениот кадар како клучен фактор за успех на компанијата.

Форумот ќе го отворат претставникот на Центарот за развој на Скопски регион Розета Арсовска, извршниот директор на ССК Митко Алексов, како и претставник од општина Аеродром.

Учесниците ќе имаат презентации и ќе дебатираат на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, за управување со таленти, трендовите на пазарот на трудот, личниот развој на вработениот и коучингот, социјална интелигенција, справување со тешките карактери на работа, како и за реконструирањето на организацијата за воведување на систем на награди и унапредување на работни места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави