Партии

Младите од СДСМ Струга посетија неколку социјално загрозени семејства

Струга, 11. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на социјалдемократската младина во Струга во текот на вчерашниот ден посетија повеќе социјално загрозени семејства и донираа прехранбени продукти.

Тие потсетија дека Македонија е во голема економско-социјална криза, а податоците од Светска банка покажуваат дека 180 илјади македонски граѓани живеат со по 40 денари на ден.

– СДММ помага и продолжува со хуманоста и солидарноста. После 24 април на Македонија и се потребни коренити промени и решенија за вистинско намалување на сиромаштијата, велат од СДММ Струга. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави