Избор Охрид

Започна изградбата на затворениот базен во Охрид

Охрид, 12. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Два базени, фитнес клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален и административен простор, кафетерија, спа и велнес центар и голем подземен магацински простор, се деловите кои ќе ги содржи новиот базенски комплекс во Охрид.

Во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид денес беше означен почетокот на изградбата на затворениот базен. Инвестицијата на Владата на Република Македонија е вредна 298 милиони денари, треба да биде завршена за 2,5 години.

Почетокот на изградбата на базенот го означија премиерот на Република Македонија Никола Груевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, во друштво на охридските пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и локални функционери.

gruevskibazen

– Градот Охрид, од кој произлегуваат огромен број пливачи и љубители на водните спортови никогаш во минатото не добил затворен пливачки базен. Таквата реалност се менува. Ние ветивме и за разлика од другите не заборавивме на ветеното, рече Груевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: О2 телевизија

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука